Skip to main content

Општина Охрид

Повик за поднесување барања за субвенционирање на трошоци за комунални услуги

Јавниот повик трае 20 дена од денот на објавување.
 |  инфодеск  | 
Општина Охрид

Во рамки на Програмата за социјална и здравствена заштита на општина Охрид за 2024 година како и врз основа на Одлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги Градоначалникот на општина Охрид објави повик за поднесување барања за субвенционирање на трошоци за комунални услуги.

Субвенционирањето на трошоците за комунални услуги, се однесува за периодот од 01.01.2024 година, заклучно со 31.12.2024 година.
Согласно програмата за социјална заштита во буџетот на општина Охрид за оваа намена се предвидени 2.000.000,00 денари.
Вкупниот износ на субвенција ќе изнесува 703,00 денари месечно, за секој корисник на субвенцијата и ќе биде составен од следните четири компоненети:

  • Покривање на трошоците за потрошена вода за пиење до 320 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата;
  • Покривање на трошоците за спроведување на отпад до 150 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата;
  • Покривање на трошоците за одведување на отпадни и атмосферски води до 150 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата;
  • Покривање на трошоците за плаќање на гробна такса-гробарина до 83 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата.

Јавниот повик е објавен на веб страната на Општина Охрид www.ohrid.gov.mk
Јавниот повик трае 20 дена од денот на објавување.