За празникот Св. Стефан, во манастирската пештерна црква Свети Стефан Панцир во истоимената крајезерска наслеба ќе има богослужби.
Понеделник попладне во 16:00 часот ќе се служи вечерна богослужба, а вторник во 7:30 ч. утрена богослужба со света божествена литургија, информираат од манастирот.
Божиќ се слави три дена. Додека вториот ден од Божиќ е посветен на Богородица, третиот ден од најрадосниот христијански празник е посветен на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан.