Skip to main content

Православен календар

Денеска е Свети архиѓакон и првомаченик Стефан

Именден празнуваат: Стефан, Стефанка, Стефанија, Фанија, Фанка, Стојан, Стојанка, Стојмен, Стоичко.
 |  инфодеск  | 

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 27 декември. На третиот ден од празникот Божик светата православна црква го празнува споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан.

Тој е наречен првомаченик затоа што тој прв настрадал за Христовата вера. Веднаш по слегувањето на Светиот Дух во Ерусалим била формирана христијанска општина, биле избрани седум ѓакони да се грижат за сиромасите, за болните, старите, вдовиците и да ги делат подароците што христијаните ги давале на црквата. Најстар во тие седум ѓакони бил Стефан поради што бил наречен архиѓакон.

Народот го празнува Свети Стефан на 9 јануари, на третиот ден од Божик и една од поголемите слави. Тогаш се оди на именден кај Стефановци, но сите песни, верувања и обичаи што се изведуваат на овој ден се поврзани со Божик.

Најраспространет обичај во минатот за Свети Стефан било да се изнесе сламата од куќата поради нејзината плодотворна моќ. Претходно сламата внимателно се метела и се собирала, се оставала во шталата, во овоштарникот или меѓу пчелите за да го поттикне родот или напредокот.

Според обичаите жените требало да ја изнесат сламата надвор од куќата и тоа многу тивко за да не се слушне како заминува Божик. некои од нив метлата со која ја метеле сламата не ја користеле цела година туку ја чувале заради подобро здравје.

Именден празнуваат: Стефан, Стефанка, Стефанија, Фанија, Фанка, Стојан, Стојанка, Стојмен, Стоичко.