Skip to main content

Акваспирит

ПК „Акваспирит“- Охрид започнува со одржување тренинзи на базенот во Струга

Сите заинтересирани родители треба да испратат податоци за своето дете со цел да се формираат групите.
 |  инфодеск  | 

Пливачкиот клуб „Акваспирит“- Охрид ќе започне со одржување на тренинзите во затворениот пливачки базен во Струга.

„Со оглед на специфичноста на целата организација (превоз, термини, делење на базенот со другите клубови итн…), сакаме да Ве информираме дека имаме ограничени временски термини, особено за натпреварувачката група „пливачи“, каде што на располагање имаме три термини во текот на неделата Пон-Сре-Пет од 19:30 часот ( со цел да бидат опфатени децата што се прва и втора смена на училиште) и еден термин утрински за време на викенд почнувајќи од 10:00 часот. Додека за почетничка група со три термини неделно и тоа среда 8:30 – 9:15 наутро ( за тие што се втора смена) и 16:00-16:45 попладне (за тие што се прва смена на школо) и два утрински термини сабота и недела 9.00 -9:45. “ – информираат од пливачкиот клуб.

Сите заинтересирани родители треба да испратат податоци за своето дете: Име презиме, година на раѓање и дали е пливач или непливач, со напомена дека во натпреварувачката група приоритет имаат пливачите кои се веќе регистрирани пливачи и имаат досегашни настапи за ПК „АКВАСПИРИТ“. Истот така треба да испратат и број за контакт, за клубот да формира Вибер група зa поефикасна комуникација. Податоците може да ги доставите со пополнување на следниот ЛИНК.