Skip to main content

Општина Охрид

Општина Охрид ги објави конкурсите за стипендирање на ученици и студенти

Потребните документи, учениците и студентите треба да ги достават 20 дена од денот на објавување на Конкурсот .
 |  инфодеск  | 
Општина маркица

Градоначалникот на општина Oхрид објави конкурис за доделување стипендии за учениците од основните и средните училишта во Општина Охрид како и за студентите за 2023/2024.

За основците стипендиите се наменети за талентирани ученици од IV, V, VI, VII,VIII и IХ одделение од основни училишта во општина Охрид;   за ученици кои живеат во потешки социјални услови – (ученици кои потекнуваат од семејства каде има невработени родители, самохран родител – старател, од семејства кои остваруваат ниски месечни примања или пак се социјални случаи – приматели на еднократна или постојана парична помош) од VI, VII,VIII и IХ одделение од општинските основни училишта; за посебни остварувања на ученици од прво до деветто одделение кои постигнале значајни резултати во областа на: спортот, литературата, музичка, ликовна уметност и други вештини.

Средношколските стипендии се наменети за талентирани ученици од I, II, III и IV година од средните училишта во општина Охрид;  за ученици кои живеат во потешки социјални услови – (ученици кои потекнуваат од семејства каде има невработени родители, самохран родител – старател, од семејства кои остваруваат ниски месечни примања или пак се социјални случаи – приматели на еднократна или постојана парична помош) од I, II,III и IV година од средни училишта;  стипендии за посебни остварувања на ученици од I, II, III и IV година кои постигнале значајни резултати во областа на: спортот, литературата, музичка, ликовна уметност и други вештини.

Висината на стипендијата ќе изнесува 2.000,00 денари месечно за 9 (девет) месеци, во текот на учебната 2023/2024 година.

Обрасците за Пријава и Изјавите се објавени на интернет страната www.ohrid.gov.mk или можат да се подигнат во пријавницата на Општина Охрид.

Општина Охрид ќе додели студентски стипендии и тоа:

А) стипендии за редовни студенти на додипломски студии во I година од општина Охрид, кои студираат на државните универзитети во РМ, за академската 2023/2024 година, кои живеат во потешки социјални услови.

Б) стипендии за редовни студенти на додипломски студии во I година од општина Охрид кои студираат на државни универзитети во други земји за академската 2023/2024 година, кои живеат во потешки социјални услови;

Висината на стипендијата ќе изнесува 3.000,00 денари месечно за 9 (девет) месеци во текот на академската 2023/2024 година.

Потребните документи, учениците и студентите треба да ги достават 20 дена од денот на објавување на Конкурсот .

Конкурс за ученици од основите училишта ТУКА:

Конкурс за ученици од средните училишта ТУКА.

Конкурс за студенти ТУКА.

За дополнителни информации може да се обратите на тел. 046 262 492 лок.199.