Skip to main content

Владата препорачала разрешување на двајца директори на М-НАВ

Претседателот на Синдикат на контролори на летање, Александар Тасевски, вели дека синдикатот ќе донесе одлука за своите понатамошни чекори откако ќе добие официјална информација од Влада.
 |  инфодеск  | 

Владата на седницата која е во тек заклучи да му препорача на Надзорниот одбор на М-НАВ од должноста членови на Управниот одбор да ги отповика Фахрудин Хамиди, кој е воедно и извршен директор, и Љубе Стаменковски, секторски извршен директор, објави 360 степени.

Третиот директор според информациите не се менува. На таа позиција останува Хасим Деари, пренесе Телма.

Претседателот на Синдикат на контролори на летање, Александар Тасевски, вели дека синдикатот ќе донесе одлука за своите понатамошни чекори откако ќе добие официјална информација за препораката на владата и конечната одлука на Надзорниот одбор на М-НАВ. Дотогаш штрајкот на контролорите на летање останува во мирување.