Прекин на водоснабдувањето на ул. „Карпош Војвода“ и „Мирче Ацев“
Екипи на ЈП Водовод работат на санација на дефектот на водоводната мрежа.
Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 10:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците „Карпош Војвода“ и „Мирче Ацев“, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.
Екипи на претпријатието се на терен до целосно завршување со санацијата.


