Во месец ноември 2023 година во Охрид биле издадени 14 одобренија за градба. Според податоците на Државниот завод за статистика. 8 одобренија за градење се издадени на физичко лице, додека 6 одобренија на деловен субјект. Предвидена е градба на 140 станови, со вкупна корисна површина од 8.500 м² во вредност од околу 422 мил.денари. Во општините Струга, Дебрца и Вевчани во месец ноември не се издадени одобренија за градење.
На ниво на државата, според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2023 година се издадени 318 одобренија за градење, што е за 10.2 % помалку во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 171 (53.8 %) е наменето за објекти од високоградба, 70 (22.0 %) за објекти од нискоградба и 77 (24.2 %) за објекти за реконструкција. Од вкупно 318 објекти, на 182 (57.2 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 136 (42.8 %) објекти инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 655 станови, со вкупна корисна површина од 55 047 м2.