СВР Охрид
21 возач на територија на СВР Охрид казнети за брзо возење
СВР Охрид спроведува интензивни акциски контроли во сообраќајот.
На 14.01.2024 во периодот од 12 до 18 часот на подрачјето на СВР Охрид спроведена е засилена сообраќајна контрола. Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 21 возачи кои во и надвор од населено место управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Охрид-11, Струга-09, Дебар-01), информираат од СВР Охрид.


