Богојавление Водици 2024
Охрид се украсува за Богојавленските празнувања
Оперативните служби на ЈП „Охридски Комуналец“ го украсуваат градот и го расчистуваат пристаништето.
Ј.П.Охридски Комуналец активно вклучен во подготовките на културно-верската манифестација Богојавление-Водици.
Оперативните служби, традиционално со активности пред најмасовната манифестација посветена на христијанскиот празник Богојавление-Водици, за достојно одбележување како што му доликува на Охрид.

Се расчистува делот од градското пристаниште од каде верниците влегуваат во езерските води по Светиот крст, ангажирана е и специјална механизација, информираат од јавното претпријатие.

Се украсува централното градско подрачје и градското пристаниште во знакот на Богојавленските празнувања.
Јавната хигиена на локациите каде ќе одвиваат настаните се одржува на највисоко ниво, велат од ЈП Охридски Комуналец.


