Со нови подизведувачи ќе продолжи изградбата на затворениот базен во Охрид
Цели осум години се влече изградбата на Охридскиот затворен базен. Проектот започна во 2015 година, до денес завршени се 60% од градежните работи. Од Агенцијата за спорт и млади, велат доцнењето е поради проблеми со изведувачот. Од овој месец потпишан е договор со нови подизведувачи кои ветуваат дека објектот ќе биде готов во септември годинава.
„Потпишавме договор да почнат и ветуваат дека до септемри ќе биде завршен. Имаше, сопственикот на фирмата која ја доби изградбата во 2015 беше во притвор, му беа замрзнати сметките не можеше да извршува работи. Се случи што се случи но најдовме нов подизведувач, кој ке ги заврши сите останати обврски. Базенот е завршен околу 60% треба да се средат коритата внатре и да се опреми се како што треба“ , вели Наумче Мојсоски директор на Агенција за спорт и млади.
Одолговлекуваето на изградбата и изборот на нови подизведувачи ќе ја зголеми првичната вредност на проектот, но засега не се знае колку пари дополнително ќе чини доизградбата.
„Не знаеме колку точно, не сме стигнати до тоа бидејќи имавме и проблеми со не знам како го објавиле тендерот, но имавме проблеми и со машинството. Машинството беше вода-вода, се покажа во нашите бушотини дека нема вода, не постои долу вода. Сега треба да го менуваме вода-воздух. Се направи зимена и се надевам за брзо ќе биде”, вели Мојсоски.
Доколку подизведувачите на ја завршат изградбата на затворениот пливачки базен во Охрид, од АСМ велат предвидени се високи казнени пенали.
Во меѓувреме во Струга официјално започна со работа реконструираниот затворениот базен, таму е возобновена пливачката школа. Голем број млади секојдневно тренираат.
Новинар Соња Рилковска