Планинската спасителна служба повторно извлекуваше заглавени лица со возило на Галичица
Рано утрово, по повик на 112, во периодот од 05:00 часот до 08:00 се спроведе спасителна акција на планината Галичица. Истата е успешно завршена во координација на Секторот за операции и координација во ЦУК, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Регионалниот ЦУК Охрид, рано утрово, извести дека има заглавени лица со моторно возило на врвот на Галичица, иако тој патен правец е подолго време затворен за моторни возила. Веднаш се известени од Единицата за спасување на планина во Охрид, коишто, согласно временската видливост, итно се упатиле на терен за да помогнат и да ги извлечат, а секако и сите надлежни институции биле известени за натамошна постапка. ЦУК информира дека паралелно било комуницирано и со граѓаните од заглавеното возило за да се дознае повеќе за нивната состојба при што се информирани дека спасителите се на пат за нивно извлекување, велат од ЦУК.
Инаку, патниот правец Охрид-Ресен, преку Галичица од 15ти ноември 2023 до 1 април 2024 година е затворен за сообраќај за возила. Но граѓани ја игнорираат забраната и поставената сообраќајна сигнализација, па така Планинската спасителна служба од Охрид и неодамна извлекуваше заглавени лица со возило на Галичица.
фото: ПСС Охрид