Катната гаража во Охрид со години чека одобрение од УНЕСКО
Катната гаража во Охрид, за министерката за култура не е објект од јавен инстерес. Проектот веќе неколку години е заглавен на одобрение во Комисијата на Унеско.
Министерката за култра вели од јавен интерес се детски градинки и училишта а не катна гаража.
„ Минатата година точно на 8 март имав прес конференција на која што реагирав на две одлуки кои што ги донесе општина Охрид каде за градба од јавен интерес имаше прогласено катна гаража. Од јавен интерес градби се училишта, детски градинки, спортски терени мегутоа не катна гаража баш не”, вели министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.
Пецаков одговори за таква изјава треба недоволно да се познава материјата. И покрај поправка на сите забелешки проектот за катна гаража до денес нема дозвола. Нема конзерваторско позитивно мислење.
„Непознавањето на материјата и суштината на материјата и што е работата на министерството за култра го видовме неколку пати. Да кажете дека катна гаража не е од јавен интерес во град каде суштинска потреба е решавањето на проблемот со паркинг просторот кој што Охрид реално го има 30 годиниАко нешто се зборува 30 години да по документи можеби и по дефиниција за неа да кажеш дека нешто не е од јавен интерес а 30 години се разгова за тоа е дегутантно”, рече Пецаков.
Градоначалникот на Охрид вели од централната власт постојано се изложени на опструкции за сите проекти.
„Насекаде се тие опструкции, јас често и буквално на сите интервјуа , единствена тема на која секогаш сме соработувале без некоја воздршка биле препораките на УНЕСКО, а за сето останато постојат кочници кои ние ги гледаме секојдневно.“ – кажа градоначалникот.
Со години се држат проектите, опструкции има и за велосипедската патека и за реконструкција на плоштадот Крушевска република, вели Пецаков а според него тоа се прави за да се покаже неуспешност на локалната власт.
Новинар Соња Рилковска