Skip to main content

УХМР

Сончево и студено време со температура до 3 степени

До среда времето во Македонија ќе биде стабилно со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштаат и под -15 степени.
 |  инфодеск  | 

Во Охрид денес по ведрото и многу студено утро со температура од -7 степени, преку денот ќе имаме сончево време со мала до умерена локална облачност. Максималната температура ќе се искачи до 3 степени.

До среда времето во Македонија ќе биде стабилно со услови за појава на магла по котлините и со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштаат и под -15 степени. Од четврток ќе дува засилен северен ветер, а температурите ќе бидат во пораст, информираат од УХМР. 

фото: Ѓоко Симјаноски