Северна Кореја го ослободи американскиот мисионер
Официјална С. Кореја објави дека Роберт Парк изразил “искрено каење” за своите постапки предизвикани од “лажливата пропаганда” на Западот.
Американскиот мисионер кој беше уапсен во С.Кореја поради илегален престој во земјата и протестирање против состојбата со човековите права, допатува во Пекинг пред да замине за САД, објавија од американската амбасада во Кина.
“Среќни сме што С. Кореја го ослободи Роберт Парк (28) кој изутринава допатува во Пекинг. Парк се наоѓа во американската амбасада каде што се подготвува денеска да отпатува за САД”-изјави Сузан Стивенсон,портпарол на американската амбасада.
Американецот Парк кој живее во Тусон,Аризона, на Божик ја преминал замрзнатата река Тиумен која ја дели Кина од Северна Кореја. Од здружението “Живот и слобода за сите Севернокореанци” чиј член е Парк, потврдиле дека тој носи порака за севернокорејскиот претседател во која се бара ослободување на политичките затвореници како и превземање мерки со кои ќе се подобрат животните услови и ќе се овозможи подобра заштита на човековите права во земјата.
Во петокот службената агенција КЦНА го објави ослободувањето на Парк објаснуваќи при тоа дека тој изразил “искрено каење” за своите постапки предизвикани од “лажливата пропаганда” на Западот.
{loadposition content9}