Пецаков: Министерката за култура со непознавање на законите ја кочи катната гаража
Деновиве е актуелна една несреќна изјава од страна на министерката за култура, дека изградбата катната гаража во Охрид не била од јавен интерес и затоа е блокирано односно нема приоритет кај нив како министерство, напиша во објава на својот личен профил на Фејсбук, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.
Катната гаража во Охрид со години чека одобрение од УНЕСКО | Портал ТВМ (tvm.mk)
„За нештата да бидат појасни, година и пол не малтретираат и мене како градоначалник и граѓаните на Охрид, со милион забелешки,препораки и измени. Иако по сите тие е постапено, упорно не добиваме позитивно мислење од култура, за на крај како што јавно кажав од министерство во стручниот тим да викаат „што си замислуваат тие ќе правеле катана гаража“ – вели Пецаков.
Тој во прилог објави делови од Закон за експропријација.
„Член 7, каде јасно е напишано што е ЈАВЕН ИНТЕРЕС од локано значење и тука е напишана засебно КАТНА ГАРАЖА. Тотална неписменост и непознавање на законите, не само општо, туку и за сопствените ингеренции и надлежности. НАПОЗНАВАЊЕТО на законите и постапувањето спротивно од законите со кочење на една од НАЈБИТНИТЕ проекти за Охрид како град си носи и одговорност сама по себе за непостапување. И ви ветувам не ја оставам оваа работа така како шо мислите. “ – вели градоначалникот на Охрид.