Голем дефект на водоводната мрежа, делови од Охрид без вода
Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се излезени на терен и додека дозволуваат временските услови ќе се работи и во текот на ноќта, во спротивно со работа ќе се продолжи во раните утрински часови.
Поради настанат голем дефект на водоводната мрежа имс прекин во водоснабдувањето на поголема територија од централното градско подрачје на Охрид.

Од ЈП Водовод информираат дека пукната е главната цевка со профил ф300 мм на кружниот тек кај бензиската пумпа Макпетрол – Билјанини Извори). Најавуваат дека за краток временски период водоснабдувањето ќе се нормализира а прекин ќе има само на улиците: „Кеј Македонија„, „Партизанска“ и дел од АСНОМ.

Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се излезени на терен и додека дозволуваат временските услови ќе се работи и во текот на ноќта, во спротивно со работа ќе се продолжи во раните утрински часови.




