ЦЈЗ Охрид: Матноста на водата е во граници на дозволеното, има и дозволена количина хлор
Екипи на Центарот за јавно здравје Охрид ја следат состојбата со водата од градскиот вододвод, по вчерашниот голем дефект на водоводната мрежа, откако од ЈП Водовод и граѓани пријавиле дека тече матна вода од чешмите. После такви дефекти очекувано е заматување на водата, вели директорот на ЦЈЗ, Сашо Точков, додава дека земени се примероци во непосредна близина на случениот дефект и во пошироката околина и се контролира матноста како најиндикативен периметар во случаи на вакви дефекти. Од првичните физичко-хемиски анализи на земените примероци на вода за пиење констатирано е дека сите испитувани параметри се во границите на законски пропишаните вредности.
„ Констатирано е дека , на сите мерни места каде што вршевме анализи состојбата со параметарот матност е во граници на дозволеното, односно водата не беше заматена согласно она што е дозволено со законската регулатива. Апелирам, и во овој случај и во иднина, да не се создава паника при вакви ситуации. Сите коишто користиме вода од градскиот водовоод знаеме дека после дефект или од било каква причина видиме дека водата е заматена ќе оставимеда истече 3 до 5 минути и после тоа доколку се избистри , водата може да се користи.“ – изјави директорот на Центар за јавно здравје Охрид.
Водата во регионот под надлежност на ЦЈЗ Охрид се контролира постојано. Според последните микробиолошки анализи од последните два дена, водата е безбедна. Во моментов се работат и проширени анализи од земените примероци утринава и резултатите од микробиолошката анализа ќе бидат готови во петок. Но нема простор за паника во следните 48 часа бидеќи во водата во моментов има дезинфекционо средство рамки на дозволените граници, вели Точков.
„Значи има дезинфекционо средство , хлор, такашто и некое микробиолошко загадување е ислучено, значи водата е исклучено да се загади микробиолошки доколку состојбата со дезинфекционото средство е онака како што налага законот, а сега во овој момент можам да кажам дека тоа е во границите на дозволеното.“ – посочува Точков.
Екипите на ЦЈЗ ќе продолжат континуирано да ја следат состојбата со квалитетот на водата во Охрид, со посебен фокус на мониторирање на параметарот матност и навремено ќе ја известуваат јавноста во случај на отстапувања на квалитетот на водата за пиење. Бидејќи ЈП Водовод се уште работи на санирање на последиците од дефектот на главната водоводна цевка можно е повторно да дојде до заматување кога ќе се пушти водата низ цефките. Граѓаните да ја испуштат да истече водата, а доколку постојано тече матна вода подолго од 5 минути да се пријави во Водовод или ЦЈЗ.