Skip to main content

УЈП

Рокот за поднесување на ДДВ -04 пријавите се продолжува заклучно со понеделник

Системот е-ПДД ќе биде во прекин почнувајќи од денес, 26-ти јануари во 16:00 часот. Интервенцијата ќе се извршува за време на претстојниот викенд, а по завршувањето на активностите, УЈП навремено ќе информира.
 |  инфодеск  | 
УЈП

Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници и корисниците на електронските услуги на системот е – Персонален данок, дека врши надградба на системот е – ПДД.

Поради тоа, системот е-ПДД ќе биде во прекин почнувајќи од денес, 26-ти јануари во 16:00 часот. Интервенцијата ќе се извршува за време на претстојниот викенд, а по завршувањето на активностите, УЈП навремено ќе информира.

„Поради овој процес за надградба на системот можни се и прекини во работењето на апликацијата МојДДВ. Ги замолуваме даночните обврзници и корисниците на услугите на УЈП да имаат разбирање додека трае надградбата на системот, бидејќи истата ќе овозможи поквалитетни услуги за крајните корисници. “ – соопштија од УЈП.

Поради вршење на оваа надградба и отежнато пријавување на даночните пријави преку системот е- Даноци, рокот за поднесување на ДДВ -04 пријавите се продолжува заклучно со понеделник 29-ти јануари.