Skip to main content

Ретко е да си редок

Градоначалникот Пецаков со поддршка на лицата со ретки болести

Кампањата “Ги запознаваме ретките болести” стана препознатлив белег на месецот февруари и значително ја подигна свеста за ретките дијагнози, кои бараат посебно внимание и достапно лекување, вели градоначалникот.
 |  инфодеск  | 

Преку боите на ретките, Охрид и годинава ќе испрати силна поддршка и ќе го крене гласот за поголема инклузија и достоен живот на лицата со ретки болести и нивните семејства, порача градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков кој со симболично обојување на дланката даде поддршка на националната кампања по повод февруари месецот на ретките болести.

Кампањата “Ги запознаваме ретките болести” стана препознатлив белег на месецот февруари и значително ја подигна свеста за ретките дијагнози, кои бараат посебно внимание и достапно лекување, вели градоначалникот.

– Како заедница која ја негува различноста и ја поддржува борбата за човечност и солидарност, од година во година, чекор по чекор, ги подобруваме условите за лицата со ретка болест и со конкретни мерки, овозможуваме помош, онаму каде што е најпотребна. Верувам дека секоја наредна кампања, преку заедничка соработка ќе можеме да споделиме нови позитивни примери за реална помош низ животните предизвици, кои ги носи ретката болест, напиша во објава на Фејсбук, Пецаков.