Започна кадровската реорганизација на Охридскиот аеродром
За претставници од Турската компанија ТАВ, кадровската екипираност е приоритетна. Отказни решенија нема да има.
Претставници од турската компанија ТАВ, по повеќедневното ангажирање околу аеродромот “Алекснадар Велики” во Скопје, пристигнаа и во Охрид. Тимот кој што неколку дена е во Св. Апостол Павле прво се зафати со нова систематизација на компанијата. Денеска по претходно обавените разговори и разгледување на документите со секој вработен поединечно им се поделија нови решенија. Согласно договорот потпишан помеѓу Владата на РМ, поточно министертвото за транспорт и врски и ТАВ Македонија ДООЕЛ, вработените кои не се задоволни од новата прераспределба имаа право да го обжалат решението во рок од 15 дена.
Согласно законот за концесионирање ТАВ не смее во наредните 7 години на вработените во oхридкиот и скопскиот аеродром, Св. Апостол Павле и Александар Велики да им врачи отказни решенија.
Според постоечкиот договор помеѓу владата и турскиот инвеститор ТАВ, реконструкција на скопскиот аеродром опфаќа изградба на нова терминална зграда и продолжување на пистата, како и други зафати согласно постигнатиот договор помеѓу инволвираните страни.
Договорот за инвестицијата на авиобизнисот во Македонија изнесува вкупно 200 милиони евра. Турските инвеститори со овој договор се обврзаа дека во Штип ќе изградат карго, а комлетното ќе ги реконструраат скопскиот и охридскиот аеродром. ТАВ Македонија ДООЕЛ аеродромите во Охрид и Скопје официјално ги превзема од 1 март 2010 год.
Најголемата турска авиокомпанија денес брои речиси 13.000 вработени и остварува годишен приход од околу 630 милиони евра.
{loadposition content9}