Општина Охрид со Државен архив потпиша меморандум и Договор за средување на документацијата
Државниот Архив претставуван од директорот Д-р. Емил Крстески и Општина Охрид претставувана од градоначалникот Д-р. Кирил Пецаков потпишаа Меморандум за соработка и Договор за средување на документацијата на Општина Охрид.
Со меморандумот а особено со договорот, Подрачното одделение на Државниот архив Охрид преку своите стручни лица ќе спроведе постапка за средување на документацијата која произлегува од работењето на (општинската) администрација за период 1944 до 2023 година. Преку ваквата постапка полесно и подостапна ќе биде документацијата на Општина Охрид на секој на кого ќе му биде потребна.
Општина Охрид е дел од меморандумите за соработка кои претходно беа потпишани со Државниот Архив од институциите „Охридско Лето“, Универзитет „Св. Апостол Павле“, „Струшки вечери на поезијата“ и мн други.