Детско драмско студио „ДрамаКидз”
Во сабота повторно детската претстава „Лист, камен и ножички“ во Центар за култура
Детското драмско студио „ДрамаКидз” работи во рамки на НУ Центар за култура „Григор Прличев”.
На репертоарот на НУ Центар за култура „Григор Прличев”, на барање на публиката, овој викенд повторно детската претстава со наслов „Лист, камен и ножички” на Детското драмско студио (ДДС) „ДрамаКидз” во сабота 10.02.2024 година.
Детското драмско студио „ДрамаКидз” работи во рамки на НУ Центар за култура „Григор Прличев”-Охрид, целиот процес од почетокот го следат 21 члена, деца-актери на возраст од 9-14 години од сите училишта во градот.
Почеток на претставата во 19.00 часот,на мала сала, цена на карта 150 денари.