Болницата „Св. Еразмо“ ги подобри условите за хидротерапија
Центарот за развој на Југозападен плански регион, во рамки на проектот „Опремување на современ центар за физикална терапија во болницата Св.Еразмо“, ги заврши активностите за набавка и мотажа на опремата за потребите на ЈЗУ специјализиранта болница за ортопедија и трауматологија Св.Еразмо.



Центарот за физикална терапија се опреми со: две кади за електротерапија за цело тело, единица за криотерапија и Хидрауличен лифт за базен.
„Оваа опрема дирекно ќе влијае врз подобрувањето на условите за сите пациенти кои имат потреба од хидротерапија, со цел, подобрување на услугите за хидромасажа и олеснување на пристапот до базенот и за пациенти кои имаат поголеми потешкоти при движење.“ – информираат од Центарот за развој на ЈЗПР.
Проектот „Опремување на современ центар за физикална терапија во болницата Св.Еразмо“, е финансиран од на Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерство за локална самоуправа и кофинансиран од страна на ЈЗУ Св. Еразмо.


