Skip to main content

Штрајкот во Фондот за здравствено осигурување ставен во мирување

Од Синдикатот очекуваат по 31-ви мај одлуката за вредноста на бодот да остане иста, во спротивно повторно ќе го активираат штрајкот.
 |  инфодеск  | 
Фзом

Штрајкот во Фондот за здравствено осигурување се става во мирување, соопшти Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на РМ (УПОЗ).

Одлуката, како што информираат, е донесена по денешната седница на Управниот одбор на ФЗО.

„ По упатеното барање од страна на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на РМ (УПОЗ) до Претседателот на Владата на РСМ Талат Џафери, преовлада разумот во Владата и на вчерашната седница, донесе нов заклучок со што ја поништи претходната препорака која беше испратена до Управниот одбор и донесе нова препорака, со која се препорачува вредноста на бодот да остане иста. Со донесената одлука на денешната седница на Управниот одбор на ФЗО, Синдикалната организација при ФЗО членка на Синдикатот на УПОЗ донесе одлука со која штрајкот се става во мирување.“ – се вели во објавата на Фејсбук.

Од Синдикатот им се заблагодаруваат на сите организации од здравствениот сектор и на граѓаните за разбирањето .

Од Синдикатот очекуваат по 31-ви мај одлуката за вредноста на бодот да остане иста, во спротивно повторно ќе го активираат штрајкот.