Левица Охрид: Продолжува узурпацијата на плажата Канео од „непознат“ сторител
Од охридскиот огранок на партијата Левица повторно реагираат за градежни зафати на самиот езерски брег кај Канео. Поради узурпација на плажата Канео, спротивно на препораките на УНЕСКО, Левица на 02.01.2024 година, поднесе ИНИЦИЈАТИВА за вршење вонреден инспекциски надзор, потсетуваат од партијата.
Информираат дека Градежната инспекција излегла на терен и извршила увид, по што инспекторот констатирал дека узурпацијата на езерскиот брег кај Канео се врши од ,,непознат” (НН)сторител.“
„Ги известуваме градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков и Градежната инспекција дека ,,непознатиот” (НН) сторител овие денови продолжува со градежните активности на езерскиот брег кај Канео. Дали ,,непознатиот” сторител го узурпира просторот со цел да си уреди плажа за престојната туристичка сезона, а надлежните молчат како и секогаш до сега?“ – прашуваат од Левица.