Skip to main content

Владина делегација предводена од премиерот Груевски во посета на Чешка

Висока владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски престојува во дводневна официјална посета на Република Чешка.

 |   | 
Gruevski
Груевски

Gruevski vo CheshkaВисока владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски престојува во дводневна официјална посета на Република Чешка.

Груевски попладне ќе има тет-а-тет средба со својот колега Јан Фишер, а утре ќе биде примен од чешкиот претседател Вацлав Клаус.

Вториот ден од посетата е предвиден и за средби со претседателите на Сенатот на Парламентот и на Домот на пратениците, Премисл Соботка и Милослав Влчек.

Со премиерот Груевски, вицепремиерот Владимир Пешевски, министерот за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и директорот на агенцијата за странски инвестиции Виктор Мизо, во Прага се и група стопанственици кои ќе учествуваат на македонско-чешкиот деловен форум, закажан за утре, чија цел е интензивирање на економските односи.

На форумот ќе се обратат Груевски и Фишер, презентирани ќе бидат можностите за инвестирање во Македонија, а бизнисмените од двете земји ќе остварат директни контакти и разговори за евентуално реализирање заеднички проекти.

Оваа вест е преземена од: http://www.sitel.com.mk


{loadposition content9}