Одолговлекувањето на спорот со Грција-потенцијал за меѓуетнички тензии.
Шефот на делегацијата на ЕУ во Скопје, Ерван Фуере во интервју за виенски “Стандард” предупредува дека во Македонија владее разочарување што ЕУ ја “остави на цедило”.
Одолговлечувањето со одредување термин за почеток на преговори за членство на Македонија во ЕУ може да биде „потенцијал“ за меѓуетнички тензии во таа земја, предупреди шефот на делегацијата на ЕУ во Скопје Ерван Фуере.
„Доколку решението и натаму временски се забавува, тогаш тоа сигурно може да има потенцијал кој води кон меѓуетнички тензии“, изјави Фуере за виенски „Стандард“.
Тој предупреди дека во Македонија владее разочарување што ЕУ ја „остави на цедило“ во спорот со Грција околу името, додека Загреб ја доби поддршката од Брисел во несогласувањата со Словенија.
„Што повеќе време минува, тоа ќе биде потешко да се одржи духот на реформите во Македонија“, истакна Фуере, додавајќи дека не сака да зборува за каков било датум за почеток на преговори со ЕУ.
Тој смета дека до решение за името може да се дојде само доколку состаноците на водечките политичари од Македонија и Грција се оддржуваат во „интензивен ритам“.
Виенскиот весник потсетува дека Грција минатата година и стави вето на Македонија за прием во НАТО поради спорот со името.
„Стандард“ оценува дека Македонија нема проблем со идентитетот само поради Грција и наведува дека Бугарија на голем број Македонци им дала работни дозволи и пасоши, а дека голем дел од македонските Албанци го претпочитаат албанското пред македонското знаме.
Оваа вест е пеземена од: http://www.a1.com.mk
{loadposition content9}