Во Охрид денес променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до 12. степени.
Под влијание на влажен бран и денес во Македонија ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и услови за изолирана појава на ретки грмежи. Локален слаб дожд ќе има и утре, а потоа следува период на стабилно време, информираат од УХМР.