Охридските советници на денешната 38ма седница на Совет, ги поддржаа измените и дополнувањата на Програмата за капитални инвестиции во основното образование за периодот 2024-2026 година. Во рамки на Програмата, беше додадена нова точка, изработка на фаза машинство за потребите на новата училишна зграда за Основното Училиште „Кочо Рацин”, со предвидена сума од 19 милиони денари за 2025 година. Целта е паралелно да се одвиваат тендерските постапки за сите фази на изградба на новиот простор за потребите на училиштето, информира советникот Перчо Божиновски. На седницата беа усвоени и годишниот план за работа на Одделението за инспекциски надзор на Општина Охрид за 2024 година. Останатите точки од дневниот ред се однесуваа на одлуки за вклопување на бесправно изградени објекти на територијата на Општина Охрид. Без поголеми дискусии за точките од дневниот ред, советниците со големо мнозинство ги изгласаа сите точки, информираат од локалната.