Со цел стимулирање на социјалната интеграција на невработените лица и подобрување на нивните квалификации за идно вработување како и на вработени кои сакаат да се докфалификуваат и прекфалификуваат, општина Охрид согласно Годишната програма на одделението за локален економски развој за 2024 година, во која се предвидени: “Активни мерки за подобрување на конкурентноста на пазарот на труд”, распишува конкурс за спроведување на бесплатни курсеви за:
- Монтер на опрема за греење и ладење;
- Ракувачи на парни котли;
- Фризери;
- Маникир;
- Дактилографија на компјутер;
- Цвеќарство и градинарство;
- Автомеханичари;
Предност за пријавување за овие курсеви имаат невработените лица, но и вработени кои сакаат да се доквалификуваат и преквалификуваат.
За да се реализира одреден курс треба да се пријават најмалку 15 учесници. Општина Охрид го задржува правото некој од курсевите да не се реализира доколку нема заинтересираност.
Изборот на учесниците ќе биде по принципот “Прв дојден, прв услужен”.
Кандидатите кои се пријавуваат на Конкурсот, треба да ги пополнат потребните обрасци поставени на интернет страната www.ohrid.gov.mk.
Пријавените учесници треба да имаат завршено средно образование. Потребните документи кандидатите треба да ги достават најдоцна 10 дена од денот на објавувањето на Конкурсот на адреса: ОЈУ ОГУ за доживотно учење “ Кузман Шапкарев” Oхрид, ул.Туристичка бр. 79 – Охрид, во затворен коверт со назнака „Конкурс за пријавување на кандидати за бесплатни курсеви” или во Архивата на ОЈУ ОГУ за доживотно учење “ Кузман Шапкарев”секој работен ден од 08 до 14 часот, тел. за контакт 078/619-742.
Конкурсот и потребните обрасци за пријавување ТУКА.