Skip to main content

 Студентски дом  „Никола Карев“ – Охрид

Охридскиот студентски дом се збратими со СОУ „Свети Трифун“ од Александровац, Р. Србија

Повелбата за збратимување ја потпишаа директорите Жарко Куциновски и Бранко Рајчиќ на свечена академија по повод патрониот празник на средното училиште „Св Трифун“.
 |  инфодеск  | 

Се збратимија  Студентскиот дом  „Никола Карев“ од Охрид и СОУ „Свети Трифун“ од Александровац Р. Србија.  Повелбата за збратимување ја потпишаа директорите Жарко Куциновски и Бранко Рајчиќ на свечена академија по повод патрониот празник на средното училиште „Св Трифун“, пренесоа Nezavisne Narodne Novine Rasinskog Okruga.

На денот на училиштето „Свети Трифун“ со Дом на ученици на гостите од збратимените училишта, претставници на дипломатскиот кор и други присутни им се обрати директорот на училиштето Бранко Рајчиќ.

-Преку соработката младите луѓе развиваат вештини и создаваат трајни пријателства. Учењето нека биде она што нè поврзува и не прави подобри луѓе, истакна меѓу другото, Рајчиќ.

-Оваа повелба е круна на долгогодишната одлична соработка и од договорот најголема корист ќе имаат учениците и студентите затоа што значително ќе придонесе за нивната обука преку размена и стекнување на практично знаење во Александровац и Охрид, истакна директорот на охридскиот студентски дом „Никола Карев“, Жарко Куциновски.