СВР Охрид поднесе кривична пријава против 28 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори” и „овозможување на употреба на наркотични дроги”. „При претрес, извршен во неговиот дом, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана и предмети со остатоци од кокаин.“ – информира портпаролот на секторот, Стефан Димоски.
На 13.02.2024 во 23.15 часот на улица „7 Ноември” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 27 годишно лице од охридското село Велгошти, кој претходно агресивно се однесувал кон полициските службеници кои преземале службени дејствија. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 13.02.2024 во 20.10 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 43 годишен охриѓанец, кој претходно во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга.
На 13.02.2024 во 20.40 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 66 годишно лице од Охрид. „Тој бил затекнат при извршување кражба од објект во изградба на улица „Кленоец” во Охрид, при што одзел повеќе предмети. Одземеното било пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.“ – информира портпаролот на СВР.