Skip to main content

ИЗБОРИ 2024

За избор на пратеници ќе се гласа на 8-ми мај во среда, а политичката кампања ќе започне на 18-ти април

Согласно Решението за распишување на Избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, донесено од Претседателот на Собранието, Државната изборна комисија го донесе Роковникот за извршување на изборните дејствија за спроведување на изборите . Граѓаните за избор на пратеници ќе гласаат на 8ми мај во среда, а политичката кампања ќе започнува на 18-ти април.
 |  инфодеск  | 

Изборната кампања за парламентраните избори закажани за 8 мај годинава, започнува на 18 април на полноќ и ќе трае до 24:00  часот на 06 мај, според Роковникот за  извршување на изборните дејствија кој го донесе и објави Државната изборна комисија.

Медиумите и електронските медиуми (интернет порталите), доколку обезбедуваат платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања, имаат  три дена од денот на распишување на изборите, да се регистрираат во ДИК.

Јавниот увид во Избирачкиот список започнува 28 февруари, а ќе трае до 18 март во 24:00 часот, до кога ќе можат да се поднесуваат и барањата за запишување, дополнување или бришење на податоци во Избирачкиот список.

Собирањето потписи за листа на кандидат за пратеници започнува на 23 февруари и трае до 8 март до 24:00 часот.

Учесниците на изборите, листите со кандидат/и за пратеници трреба да ги достават до ДИК најдоцна на 02 април, до 24:00 часот – 35 дена пред денот на одржување на изборите.

Жрепката за утврдување на единствена листа на кандидат/и за пратеници ДИК ќе ја одржи најдоцна на 13 април. ДИК единствена листа на кандидати за избор на пратеници во Собранието на Републиката ќе ја објави наредниот ден на 14ти април, а 4 дена подоцна започнува политичката кампања на учесниците во изборите.

Претседателот на Собранието, Јован Митрески вчера ги распиша изборите за претседател на Република Северна Македонија и за пратеници во законодавниот дом, што ќе се одржат на 24 април и на 8 мај.