По неколкуте пожари на отворен простор на локации на подрачјето на општина Дебрца, СВР Охрид отпочна со поинтензивни активности и контроли со цел, поголема заштита на регионот од појава на пожари.
„Упатуваме апел до жителите на Дебрца да избегнуваат палење оган на отворено, на стрништа, плевел и отпадоци и потсетуваме дека предизвикувањето на шумски пожар, намерно или од невнимание, претставува кривично дело, кое се санкционира со соодветни поднесоци и за кое е предвидена и затворска казна до 8 години (член 227 од Кривичниот законик), зависно од видот на пожарот и другите околности и последици. “– апелираат од СВР Охрид.