Поскапеа катастарските услуги
Тројно поскапеа дел од катастарските услуги. При купување нов стан и упис во Катастар, за имотен лист наместо 1,250 денари, граѓаните ќе треба да платат најмалку 3.750 денари, објави Сител.
Досега, при промена на сопственост, во еден имотен лист се запишуваше покрај квадратурата на станот и дел од заедничките простории, како и дел од земјиштето под зградата. Сега, ќе треба да се плати за секој имотен лист посебно, што значи 3-те листа граѓаните ќе ги чини 3,750 денари, плус 600 денари за нотарски услуги. Ако купуваат и гаража, ќе треба да платат за уште еден имотен лист, односно дополнителни 1.250 денари.
Агенцијата за Катастар го објави новиот Тарифник, со кој поскапеа и геодетите. Согласност за поскaпувањата дала Владата на 30 јануари, а Тарифникот стапи на сила на 15-ти февруари.
Првиот човек на Катастар за МИА изјавил дека зголемувањето било направено поради зголемените реални трошоци за извршување на геодетски работи.
извор: Сител