57.476 денари изнесува минималната потрошувачка кошничка во февруари
Вредноста на синдикалната минимална кошница во февруари изнесува 57.476 денари и во однос на јануари кога изнесувала 57.163 денари е зголемена за 313 денари, според пресметката која денеска ја објави Сојузот на синдикати.
Со изнајмен стан од 60 квадрати, минималните трошоци во февруари изнесуваат 72.851 денари и се зголемени за 213 денари во споредба со јануари.
На семејство во кое двајцата родители се со минималец им недостасуваат скоро седумнаесет и пол илјади денари за да го истуркаат месецот.
Најголема ставка се храната и пијалаците – 21.219 денари а потоа се образованието со 7.022 денари и режиските трошоци со 6.014 денари. За транспорт месечно четиричлено семејство треба да издвои 4.956 денари, а за рекреација и култура 4.245 денари. За двете ставки, лична хигиена и хигиена во домот, односно за здравје, треба да се одвојат вкупно 2.912 денари.