Skip to main content

Британската влада во одбрана на тестирање бомби на свињи

Британската влада застана во одбрана на користењето на свињи во тестирање на воени експлозиви оправдувајќи ја својата постапка со фактот дека тој експеримент ќе помогне при спасување човечки животи во Авганистан и Ирак.

 |  Маја Савиќ  | 
svinji
свињи

prasenceБританската влада застана во одбрана на користењето на свињи во тестирање на воени експлозиви оправдувајќи ја својата постапка со фактот дека тој експеримент ќе помогне при спасување човечки животи во Авганистан и Ирак.
Свињите се користат во владините истражувачки лаборатории од 2005 до 2009 година а од министерството за одбрана вчера инсистирале на тоа проектот да продолжи.
“Истражувањата доведоа до значаен напредок во пострауматските техники како што е спречувањето на крварење после голема траума, а спасија бројни животи во Авганистан и Ирак ”- изјави заменик министерот за одбрана, Квентин Дејвис.
Тој додал дека експериментите спроведени на свињи покажале дека се посебно корисни во ситуации кога има голем број на жртви а патот до болниците не е пристапен.
Британија во Авганистан има 10 000 војници во склоп на НАТО а во Ирак беше најголем сојузник на САД но таму ги заврши своите операции во 2009 година.



{loadposition content9}