Од НП Галичица известуваат дека од месец март започнуваат повторно работилниците во рамки на Мрежата за искуствено учење ( Работилница „Млади истражувачи“; Работилница „Млади ренџери“; Работилница „Еко-амбасадори“; Работилница „Квалитет на воздух”)
Мрежата за искуствено учење (МИУ) е заедница на научно-едукативни установи профилирани во области на природните науки која осмислува и спроведува искуствени воннаставни активности за совладување научни концепти и проблеми за учениците од основното и средно образование во РСМ.
Мрежата за искуствено учење (МИУ) оваа година ги проширува аспектите со компонентата загадување, пред се на воздухот и како истото влијае на развојот и опстанокот на живиот свет и човекот.
Резервирајте го вашиот термин на официјалната страна на Мрежата за искуствено учење https://miu.mk/ и посетете го Националниот парк Галичица. За сите подетални информации обратете се кај лицето за еколошка едукација Тасеска Ангела taseska_angela@yahoo.com.
Потсетување дека и оваа година Мрежата за искуствено учење ги покрива патните трошоци на училиштето.