ЈП Водовод Охрид
Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици во Охрид
Се врши приклучување на новата водоводна линија на улицата „АСНОМ“.
Поради приклучување во мрежа на новата водоводна линија на улицата „АСНОМ“ денес има повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици.
Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето ќе има на улиците: „АСНОМ“, „Никола Карев“, „Галичица“ и дел од Булевар „Туристичка“ (зградите кај кружниот тек), информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.


