На 21.02.2024 во 16,20 часот во СВР Охрид, 62 – годишна жена од Охрид пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 14.000 денари.
„Според пријавеното, околу 13.30 часот во нејзниот дом дошло лицето и ѝ понудило огревни дрва, а откако се договориле таа му ги дала парите, по што лицето заминало. Како што е пријавено, до пруијавувањето лицето не ги донело дрвата и не ги вратило парите, по што таа се посомневала дека е измамена. “ – се вели во соопштението од СВР Охрид.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.