Во склоп на градежните активности за реконструкција на улица,,7-ми Ноември”, екипите на Ј.П.,,Охридски Комуналец” започнаа со првата фаза од делот на хортикултурно уредување на оваа улица.
Денеска, по налог на Општина Охрид, се нанесува плодна земја на површините каде ќе се формираат зелени хортикултурни содржини по должината на улицата.