Skip to main content

Божиновски: ВМРО-ДПМНЕ по изборната победа ќе ја прекине агонијата на охриѓани со автопатот

Божиновски праша што ветила, а што реализирала централната власт како проект за бенефит на охриѓани и дали  власта ги казнува охриѓани за поразот на локалните избори.
 |  инфодеск  | 

Главните виновници за агонијата со неградењето на автопатот Кичево-Охрид не само што предизвикаа удар врз туризмот и економијата, туку и создадоа смеа и подбив, обвинуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид.  Никогаш помалку и побавно не се градело и никогаш не се градело вака неквалитетно и неплански, кажа денеска на прес конференција,  портпаролот на ОК, Перчо Божиновски.

„Главна одлика им е нефункционалноста и се експерти за анекси на договори за зголемување на цената од 374 милиони до над 600 милиони евра и за пролонгирање, самите си ги задаваа роковите, самите тие ги пробиваа. Потрошија два мандата и не можеа да го довршат, не реализираа ниту 20 % дополнителна градба, а за жал продолжуваат да се губат човечки животи.“ – рече Божиновски.

Божиновски праша што ветила, а што реализирала централната власт како проект за бенефит на охриѓани и дали  власта ги казнува охриѓани за поразот на локалните избори и за, како што рече, тоталното фијаско кое им следува. Потенцира дека по изборната победа  ВМРО-ДПМНЕ ќе ја прекине агонијата на автопатот и се обврзува дека до  крајот на 2026 година ќе биде пуштен во употреба.