Учениците од март повторно во истражувачки поход на Галичица
Од месец март започнува нов циклус на Мрежата искуствено учење. Станува збор за заедница на научно-едукативни установи профилирани во области на природните науки која осмислува и спроведува искуствени воннаставни активности за совладување научни концепти и проблеми за учениците од основното и средно образование во РСМ.
Во фокусот на овој потфат од национално значење се популаризација на природните науки, кревање на свесноста за важноста на заштитата на животната средина и намалување на влијанието на климатските промени човекот врз природата.
„Оваа еколошка едукација е наменета за ученици од основно образование со тоа што сите едукативни центри имаат развиено едукативни програми и за учениците од средното образование. Начинот на пријавување е едноставен, секој наставник може да ги рпијави своите ученици на официјалната старница на мрежата за искуствено учење. Да си резервираат свој термин и веднаш потоа ке бидат исконтактирани. Важно е да напоменеме дека проектот и оваа година ги покрива патните трошоци на учениците“, вели Ангела Тасевска, еколошки едукатор во НП Галичица.
Наставните програми во својата содржина не ја опфаќаат доволно областа на екологијата, што доведува до негативно влијание врз училишната популација, a тоа индиректно влијае на состојбата на животната средина. Главната цел на еколошката едукација е да се објасни важноста на еколошкото образование на младите во општеството и да се прикажат слабостите и недостатоците на еколошкото образование во нашата земја, што резултира со недостиг на применети знаења од областа на екологијата.
„Националниот парк галичица има изготвено четири работилници во завиосност од возраста на учениците. Може да се пријават на работилниците, млади ренџери, еко амбасадори, млади истражувачи, доста важно е да напоменеме дека оваа година имаме надополнувае со нова компонента загадување на воздухот и како тоа влијае врз животинскиот свет и човекот. Во рамките на оваа мрежа НП Галичица доби и нова опрема, располагаме со силно развиена инфратсруктура, имаме нова лабараторија во рамки на инфо центарот. Имаме се она што е потребно за да се впуштат учениците во истражувачки поход“ , додава Тасевска.
Проектот “Мрежа за искуствено учење” го спроведува Македонско еколошко друштво во координација со УНИЦЕФ, а истиот е финансиран од страна на Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (SIDЕ).Во мрежата се вклучени 6 институции: Јавна Установа Национален парк Галичица, ЈНУ Хидробиолошки завод – Охрид, Едукативен центар за зачувување на природата – Негрево, Народна техника – Скопје и Македонско Еколошко Друштво- канцеларијата во Ресен. Во рамките на проектот досега се едуцирале над 1200 ученици, најголем интерес имаше за НП Галичица каде се едуцираа 500 ученици.
Новинар Соња Рилковска