Skip to main content

УХМР

Претпладне сончево, попладне услови за дожд

Максималната температура ќе се искачи до 12 степени.
 |  инфодеск  | 

Во Охрид денес променливо облачно време со повремени сончеви периоди претпладне и услови за локален дожд попладне и во текот на вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до 12 степени.

Под влијание на циклонска активност денес попладне, во текот на ноќта и утре ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат обилни (од 20 до 40 л/м2) со пороен карактер и појава на ретки грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме проследени со силен ветер (над 70 км/час). Утре врнежите на планините ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка, а во текот на денот врнежите од дожд ќе преминат во снег и во некои од повисоките места. Дневната температура утре ќе биде во опаѓање. Во среда времето ќе биде променливо облачно со локален дожд, а во четврток повторно ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни со пороен карактер, информираат од УХМР. 

фото: Ѓоко Симјаноски