Синдикатите на пет државни универзитети бараат потпишување на колективните договори
Синдикатот на на вработени на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св Апостол Павле“ во Охрид со мирен протест денеска го искажаа своето незадоволство од непотпишувањето на Колективниот договор. Тие го поздравуваат потпишувањето и спроведувањето на Колективниот договор со кој нивните колеги од Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ во Скопје ќе добијат зголемување на платите за околу 22 отсто. Но револтитрани се, како што велат, од двојниот аршин на надлежните и се чувствуваат дискриминирани.
„Им порачуваме на надлежните дека спроведуваат дискриминација, нееднаквост кон останатите вработени на останатите четири јавни универзитети. И ние имаме исти статус и обавуваме иста општествена дејност. Затоа денес овде со овој протест сакаме да го искажиме нашето незадоволство и воедно бараме потпишување и на нашите колективни договори или изнаоѓање на законска рамка за пристапување кон колективниот договор од УКИМ. “ – изјави Игор Јовески – Претседател на синдикат УИНТ Охрид.
Синдикатите на пет јавни универзитети, охридскиот „Св Апостол Павле, Универзитетот „Св. Климент Охридски” – Битола, државниот Универзитет во Тетово, Универзитетот „Гоце Делечев“ во Штип, и „Мајка Тереза“ во Скопје со непотпишаувањето на колективните договори сметаат дека се неправедно изоставени од државата. Синдикатите предходно соопштија дека протестот не е политички мотивиран и дека ќе протестираат мирно и обединето за „враќање на достоинството, интегритетот и правдата“.
„Во координација со синдикатите на вработените од останатите јавни универзитети во државата ќе ги дефинираме следните чекори како да продолжи овај штрајк и на кое место со цел исполнување на нашите барања.“ – кажа Јовески.
Со цел надминување на нерамноправната положба на вработените во петте државни универзитети ќе бидат предложени законски измени, информира на својот Фејсбук профил спикерот на Собранието Јован Митрески.
„На денешната координација донесовме одлука да предложиме измени на Законот за високото образование со кои ќе се регулира коефициентот за исплата на плата на вработените во јавните високообразовни установи, со што ќе се обезбеди соодветно покачување на платите за сите. “- напиша во објавата Митрески.
Тој воедно ги повика сите пратеници да го поддржат ова законско решение, бидејќи, како што вели, образованието е прашање за кое е неопходен консензус и за кое нема простор за политички или партиски калкулации.