Skip to main content

Општина Охрид

Со настанот „Жени во фокусот“ Општина Охрид го одбележа 8-ми Март

Со цел да се покаже достојна почит и внимание кон сите жени во нашата заедница, Општина Охрид заедно со Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените при Советот на Општина Охрид, го организираа настанот Жените во фокусот.
 |  инфодеск  | 

По повод 8-ми Март, Меѓународниот ден на жената, оваа година за прв пат се одржа настанот „Жени во фокусот“.

Синоќа беше отворена изложбата посветена на 12 жени кои својата животна и професионална приказна ја градат во Охрид. Бројот 12 е избран како симбол на грижата и љубовта која треба да им се посветува на жените во текот на сите 12 месеци во годината.

Преку  изложбата на фотографии подготвени од младата фотографка Нина Ангелоска прикажани се нашите сограѓанки: Поликсена Тунтева, Гордана Коњаноска, Мимоза Влаши – Хиса, Анета Јованоска, Наташа Неданоска, Весна Коцевска, Устијана Речкоска Шикоска, Весна Миленкоска, Маја Митреска Трајческа, Марта Пејоска, Алма Шемо и Христијана Парулеска.

Секоја од овие дами си носи сопствена приказна која вредна за прикажување и вистинска инспирација за новите генерации.“- велат организаторите, Општина Охрид со Комисијата за еднакви можности.

Пред присутните на настанот се обрати Заменик градоначалникот на Охрид, Перчо Божиноски  кој истакна дека жената не треба толку да биде  разбрана колку што е важно да биде обожавана. 

Јас сакам да верувам дека мал е бројот или речиси не постојат примери во кои жената се вреднува само по повод празникот. Не сакам да верувам дека се уште постојат форми на семејно насилство во кои жртва е токму  жената.  Затоа што вие драги дами сте столб на се она што постои и не опкружува. Затоа сите заедно треба да се вложиме и да го олесниме животот на жените кои се на маргините, чиј глас не се слуша, да допринесеме во поголема еманципација и вклученост во општествениот систем кој што само така може да стане подобар и пофункционален- рече Божиноски.

Настанот„Жени во фокусот“ кој се одржа во концертната сала на ООМУ „Методи Патче“  беше збогатен со музичкиот рецитал на уметниците Билјана Буџакоска – сопран и Ивона Базгалоска – пијано.