Skip to main content

СВР Охрид

Жена паднала од трети кат на зграда, приведени две лица во врска со настанот

Увид вршат Јавен обвинител и полициски екипи и се преземаат мери за целосно расветлување на настанот, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
 |  инфодеск  | 

Денеска во 11.10 часот, во СВР Охрид е пријавено дека од трети кат на зграда на улицата „Карпош Војвода” во Охрид, паднала жена која потоа со возило на Итната медицинска помош е пренесена во болницата „Св.Еразмо” во Охрид.

-Во врска со настанот, во 11.45 часот, на улицата „Јане Сандански” во Охрид, лишени од слобода се две лица од Охрид на возраст од 32 и 21 година. На местото на настанот, увид вршат Јавен обвинител и полициски екипи и се преземаат мери за целосно расветлување на настанот, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.