Skip to main content

СВР Охрид

Кривична за „убиство во обид“ за лицето осомничено дека турнал жена од трет кат во Охрид

Второпријавениот, кој бил присутен, не го спречил сторителот во извршувањето на кривичното дело и доби кривична пријава за „помагање“ – информираат од СВР Охрид. 
 |  инфодеск  | 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 32-годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ како и против 21-годиишник од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“.

„На 8-ми март 2024 година, околу 11:30 часот, првопријавениот, во стан на улицата „ Карпош Војвода“ во Охрид, сопственост на второпријавениот, по претходна расправија турнал 39-годишна жена од Скопје од терасата. Таа била пренесена во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Второпријавениот, кој бил присутен, не го спречил сторителот во извршувањето на кривичното дело. “ – информираат од СВР Охрид.