Македонски титл на странските канали
Кабелските оператори треба да обезбедат титл на Македонски јазик за странските програми што ги реемитуваат.
Кабелските оператори треба да обезбедат титл на Македонски јазик за странските програми што ги реемитуваат.
Успешна имплементација на овој дел од Законот за радиодифузната дејност во целост се очекува за два до три месеци.
Титл на македонски јазик ќе има, но најбрзо за 2-3 месци. Според делот од Законот за радиодифузната дејност, програмските сервиси што се ремитуваат преку јавните комуникациски мрежи мора да бидат титлувани на македонски јазик. За реализација на овој проект во целост, потребни се минимум два до три месеци. Причините за побавната реализација се од техничка природа. Гоце Иваноски од кабелската елевизија ИНФЕЛ вели дека постојат два начини за изработка на титл.
„Првиот е да биде титлот обезбеден од страна на самите иматели на авторски права, што е потешко поради тоа што Македонија е мал пазар. Вториот начин е што одредени групи програми може да бидат титловани од страна на самите кабелски оператори. Што се однесува до роковите кои се дадени од Советот за Радио дифузија истите се реални и ќе бидат испочитувани“, Вели Гоце Иваноски.
Сите оператори на јавни комуникациски мрежи ќе треба да обезбедат титлови на македонски јазик или коментари на македонски јазик кај спортските канали, за телевизиските програмски сервиси кои ќе сакаат да ги реемитуваат на јазик различен од јазикот на кој се оригинално произведени. Советот за радиодифузија го мониторира исполнувањето на оваа обврска од Законот за радиодифузна дејност за овие дваесеттина дена, на терен.
Во случај на неиспочитување на оваа обврска од законот за радиодифузна дејност, прекршочната постапка ја води Министерството за култура или Државниот пазарен инспекторат, бидејќи Советот за Радиодифузија нема инспекциска служба.
{loadposition content9}